Охридската полиција поднесе кривична пријава против четириесет и петгодишниот С.Д. од Кочани бидејќи бесправно градел објект во село Косел.
Кривичната пријава има и за правно лице од Зрновци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело бесправно градење.
Пријавениот, на катарстарска парцела во охридското село Косел, како сопственик-управител на правното лице и инвеститор на градбата, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, изградил бетонски објект со темели, столбови и плоча.
По извршен инспекциски надзор од страна на Градежна инспекција при Општина Охрид, донесено е решение за отстранување на градбата.