Јавните настани, собири и церемонии можат да траат до 22 часот, освен свадби што можат да траат до полноќ
Епидемиолошките мерки се на сила во следните 14 дена, по што ќе биде направена проценка
Хрватскиот вицепремиер и шеф на националниот штаб за цивилна заштита Давор Божиновиќ денеска претстави нови епидемиолошки мерки, што ќе стапат во сила утре на полноќ. Тие вклучуваат ограничувања на собири, забрана за продажба на алкохолни пијалоци од полноќ до шест часот наутро, задолжително физичко растојание …
Божиновиќ рече дека епидемиолошките мерки се на сила во следните 14 дена, по што ќе биде направена проценка.
„Подготвивме одлука што ќе стапи на сила утре во 00:00 часот. Одлука за неопходните епидемиолошки мерки за ограничување на собирите. Сакам да нагласам дека правиме одредба со која се пропишува строга мерка за физичко растојание, избегнувајќи близок контакт – најмалку два метра во затворени простории и 1,5 метри на отворено“,
рече Божиновиќ.
Тој додаде дека сите јавни настани и собири со над 50 лица ќе бидат забранети, односно на свадби и на погреби ќе може да присуствуваат максимум 30 и најмногу 15 лица на други приватни церемонии и собири. Спортските натпревари може да се одржат само без публика.
Јавните настани, собири и церемонии можат да траат до 22 часот, освен свадби што можат да траат до полноќ.
„Ќе биде задолжително да се користат маски за лице или медицински маски на отворено кога не е можно да се одржува физичка оддалеченост и задолжителна употреба на маски при влегување на гробишта“,
рече Божиновиќ.
Што се однесува до вработените работодавачите се должни да забранат доаѓање на работници со треска и респираторни проблеми.
Притоа, се препорачува да се намали физичкиот контакт секогаш кога е можно, да се воведе работа од дома кога е можно, да се воведе работа во смени и групи и да се намали бројот на физички состаноци.
Хрватска денеска регистрира рекорден број новозаразени во еден ден – 2 421 и осум починати.