МВР по увидот што е во тек најави повеќе детали
Непознати сторители ноќеска ја ограбиле црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје.
Во моментот полициски службеници вршат увид. Засега нема информација што е украдено.
Министерството за внатрешни работи најави дека по извршениот увид ќе бидат соопштени повеќе детали за грабежот.
Кражбата е извршена со насилно отворање на влезната врата на црквата, а пријавена е утрово околу 06:30 часот.