Во Скопската населба Аеодром, две лица, ограбиле малолетник, од кого одзеле мобилен телефон и паричник, информираат од МВР.
Откако случајот бил пријавен во полицијата, двајцата сторители веднаш биле приведени. Едниот од разбојниците е на 25-годишна возраст, додека другиот е малолетник.
„Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, разбојниците се пронајдени и приведени во ПС Бит Пазар, а кај едно од лицата е пронајден мобилниот телефон. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, се вели во соопштението на МВР.