Абдулади Вејсели вели дека во ДУИ имало незадоволни уште од времето на локалните избори, но дури сега тоа излегло на виделина и се знаело дека огнената група бргу ќе згасне, оти за да му се спротивстави некој на Али Ахмети треба да е посилен од него
Поранешниот министер за здравство Имер Селмани, коментирајќи ги случувањата во ДУИ вели добро е што во една партија се најавува дека ќе има дебата која ќе ги реши сите проблеми и недоразбирања.

Сега е јасно дека ДУИ со години функционирало со половични тела, а за состојбите во партијата решението било во рацете на Али Ахмети.
„Мислам дека на нив им претстои огнена дебата и ќе се дебатира дали испорачале соодветни резултати за кои ветувале во предизборието. Добро е да се има дебата во една политичка партија“,
истакна Селмани во денешното гостување на ТВ 24.
Тој додава дека со ветувањата дека ќе се дебатира за барањата на „огнените“ значи дека ќе се отвори една дебата со која ќе има повеќе дипломатија во партијата.
„Мислам дека откако ќе се формираат телата и ќе се дебатира дали се испорачани резултати за дадените ветувања пред изборите, дури тогаш ќе има огнена дебата“,
вели Селмани и додава дека е добро да се дебатира во самата партија оти така може да се отвори и поширка дебата.
Заедно со Селмани во емисијата беше и бизнисменот, поранешен претседател на Партијата за демократски просперитет (ПДП) и експратеник во Собранието, Абдулади Вејсели кој рече дека во ДУИ имало незадоволни уште од времето на локалните избори, но дури сега тоа излегло на виделина и се знаело дека огнената група бргу ќе згасне, оти за да му се спротивстави некој на Али Ахмети треба да е посилен од него.
„Членовите на ДУИ треба да знаат дека ако го нема Али Ахмети ќе ја нема партијата. Партијата е големо семејство во кое има место за сите, а како и во секое семејство има и незадоволници“,
вели Вејсели во „24 Отворено“.
Вејсели посочи дека во ДУИ има незадоволни уште од времето на локалните избори, но оти се знаело дека огнената група бргу ќе згасне, зошто за да му се спротивстави некој на Али Ахмети треба да е посилен од него.
Вејсели вели дека ДУИ е многу повеќе од неколку градоначалници и дека силата на партијата е на парламентарните избори.
Тој случувањата во ДУИ ги толкува како позиционирање на одредени групи во случај Али Ахмети да се повлече од лидерската позиција.
Тој додава дека целта на огнената група на ДУИ не била смена на Артан Груби, туку целта била смена или повлекување на Али Ахмети. Но, бидејќи групата немала доволна моќ се свртела кон кадрите избрани од Ахмети.
Тој додава дека целта на огнената група на ДУИ не беше смена на Артан Груби, туку целта беше смена или повлекување на Али Ахмети. Но, бидејќи групата нема доволна моќ се сврти кон кадрите избрани од Ахмети.