Светското хокеарско првенство требаше да се одржи во Санкт Петерсбург од 5. до 21. мај 2023 година.
Меѓународната хокеарска федерација (ИИХФ) и ја одезеде на Русија организацијата на Светското првенство во хокеј на мраз во 2023 година.
„Поради безбедност на играчите, официјалните лица, новинарите и навивачите, ИИХФ одлучи да и ја одземе на Русија организацијата на Светското првенство 2023“,
се наведува во ослуката.
Светското хокеарско првенство требаше да се одржи во Санкт Петерсбург од 5. до 21. мај 2023 година.
Според најавите, ИИХФ на својот редовен годишен конгрес закажан за крајот на идниот месец во Финска ќе донесе одлука која земја ќе биде нов домаќин на Светскотоп првенство.
ИИХФ веќе укина две натпреварувања кои годинава требаше да се одржат во Русија, а ги исклучи и руската и белоруската репрезентација од Светското првенство кое идниот месец чќе се одржи во Финска.