На наредната седница, која е закажана за 23 март, пред членовите на работната група ќе се најде текстот на измените на ИЗ – работен документ подготвен од Министерството за правда во јуни 2025 година во кој се имплементирани препораките на ОБСЕ/ОДИХР
Во просториите на Министерството за правда денеска се одржа конститутивна седница на работната група за реформи во Изборниот законик со која е одлучено да претседава ресорниот министер Игор Филков. На денешната прва седница се дискутирало за Деловникот и динамиката на работа на работната група.

На наредната седница, која е закажана за 23 март, пред членовите на работната група ќе се најде текстот на измените на Изборниот законик – работен документ подготвен од Министерството за правда во јуни 2025 година во кој се имплементирани препораките на ОБСЕ/ОДИХР.
„Целта е да се изгради стабилен, кредибилен и инклузивен изборен систем, усогласен со европските стандарди и добрите меѓународни практики. Процесот бара политичка зрелост, дијалог и консензус. Очекувам конструктивна дебата и активно учество од сите членови, затоа што реформите во изборното законодавство се од суштинско значење за демократски развој на државата и за зајакнување на довербата на граѓаните во изборниот процес“,
порача министерот за правда Игор Филков.
Кон крајот на јануари годинава политичките партии предложија свои претставници кои ќе учествуваат во работната група за Изборниот законик.
