На терен веќе се присутни екипите на Јавното претпријатие „Македонија пат“, кои работат на расчистување на одронот
Поради одрон на патот Катланово – Велес во близина на бензинската станица „Детоил“ од утрово од 8:40 часот сообраќајот се одвива по една коловозна лента, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

„Сообраќајот на овој потег се одвива по една коловозна лента во должина од 20 до 25 метри“,
се вели во соопштението од АМСМ.
На терен веќе се присутни екипите на Јавното претпријатие „Македонија пат“, кои работат на расчистување на одронот, по што се очекува нормализирање на сообраќајот.
