АМСМ препорачува возачите да бидат претпазливи кога ги управуваат возилата на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони, особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево
На автопатот Скопје – Велес, по патарината „Сопот“, а пред тунелите на Башино Село, има одрон на левата коловозна лента, поради што сообраќајот се одвива по десната коловозна лента.

Од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) велат дека во меѓувреме на истото место се случиле две сообраќајни несреќи, во кои нема повредени, туку е причинета само материјална штета.
На терен интервенира велешката полиција.
Според АМСМ, сообраќајот на патиштата низ државата се одвива непречено, по влажни коловози.
Се препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
