За петтоосоменичeната во случајот, со иницијали Ј.К., Судот, како што инфирмираа оттаму, го прифатил променетиот предлог на јавниот обвинител и ѝ определил мерка куќен притвор
На четворица од петтемина осомничени за давање и примање поткуп, меѓу кои и на актуелниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјодeлството, Основниот кривичен суд Скопје попладнево им одреди мерка притвор од 30 дена.

Ваквиот епилог доаѓа откако сите петмина осомничени, што беа приведени во вчерашната акција во која се вршеа претреси на повеќе локации низ државата од страна на Истражниот центар на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и единиците на Министерството за внатрешни работи (МВР), денеска беа изведени на распит пред судија на претходна постапка во скопскиот Кривичен суд.
Притворите на четворица од осомничените, како што информираа од Судот, им се изречени поради опасност од бегство, можноста за влијание врз сведоци и повторување на делото.
„Судија на претходна постапка, по произнесување на петтемина осомничени, кои попладнево беа спроводени во судот, донесе решенија со кои за : Џ.Н., А.Ф. Ф.Ф. и И.С. го прифати предлогот (на ОЈО ГОКК нз.) и на сите четворица им определи мерка притвор од 30 дена заради постоење на основите од точките 1,2 и 3 (од Законот за кривична постапка), односно опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на делото“,
се вели во информацијата од Кривичен.
За петтоосоменичната во случајот, со иницијали Ј.К., Судот, како што инфирмираа оттаму, го прифатил променетиот предлог на јавниот обвинител и ѝ определил мерка куќен притвор.
Инаку, првично Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција бараше притвор за сите петмина осомничени.
Од Судот додаваат дека против овие решенија на судијата на претходна постапка, странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје.
Според информации што денеска ги соопшти Министерството за внатрешни работи во врска со акцијата, првоосомничениот Џ.Н. (77) ги сторил кривичните дела давање поткуп и давање награда за противзаконито влијание. Три лица, А.Ф. (44). Ј.К. (35) и И.С. (57), се осомничени дека како посредници сториле кривично дело примање награда за противзаконито влијание, а едно лице Ф.Ф. (47) дека сторил кривично дело – давање поткуп.
Обвинителството донесе наредба за спроведување истражна постапка против сите осомничени.

Во описот за случајот, оттаму велат дека првоосомничениот, како управител на правно лице, од февруари годинава до вчера, во повеќе наврати, директно и преку посредници му ветувал подарок – парични средства на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој на РСМ.
„Другите тројца осомничени, од кои еден е даночен референт во Управата за јавни приходи (УЈП) РД Скопје, а друг е државен службеник вработен во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), ги искористиле своето реално влијание и службената положба и побарале и го поттикнале директорот на Агенцијата да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши“,
се вели во соопштението од Обвинителството.Оттаму додаваат дека иако фирмата на првоосомничениот не ги исполнувала условите предвидени во Јавниот повик бр. 01/24 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД-програмата за мерка 3, директорот на Агенцијата, по применото ветување за подарок во износ од 50 илјади евра, вчера потпишал договор за користење финансиски средства со правното лице. Притоа, примил и дел од паричните средства во износ од 400 евра, кои при претрес се пронајдени кај него и му се одземени.
