Одлуката за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје сè уште не е утврдена во нејзината конечна верзија и процесот е отворен за сите сугестии и предлози, истакнале премиерот Зоран Заев и министерот за животна средина Насер Нуредини на средба со повеќе граѓански организации од сферата на животната средина предводени од „Го сакам Водно“ и „О2“.

Со одлуката за прогласување на Водно за заштитено подрачје, ќе се донесат и план за управување на подрачјето и просторен план кои ќе опфаќаат и мерки за заштита од пожари и други природни катастрофи, меѓу кои и мерки за заштита од ерозија.
„Дополнително, во Одлуката ќе биде предвидено запирање на урбанизацијата во подрачјето на Водно до донесување на Планот за управување во кој ќе бидат прецизирани мерките за заштита и за интегрирано управување со заштитеното подрачје“,
соопштија од Владата.
Иницијативата за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје ќесе донесе врз основа на Законот за заштита на природата.
