Следниот термин за продолжување на главната расправа, како што посочуваат од Судот е 22 декември во 10 часот
Поради спреченост на обвинителот и на дел од обвинетите, за 22 декември е презакажана главната расправа за предметот ТНТ што требаше да се одржи денеска, информираат од Основен кривичен суд Скопје.
Следниот термин за продолжување на главната расправа, како што посочуваат од Судот е на 22 декември од 10 часот за што, како што велат, веќе се известени странките во постапката.
Случајот ТНТ се однесува за уривањето на комплексот „Космос“ на инвеститорот Фијат Цановски.
Обвинети се повеќе лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на екс премиерот Никола Груевски.