„Ова што се пролонгира заклетвата немаше врска со тоа што вие кажувате дека некои кругови не сакале да биде извршен избор. Сум ги слушнал и јас тие, нормално, и самиот јас, по моето гласање, тоа јавно се виде и мојот став. Меѓутоа, Судскиот совет е колективно тело и одлуките што ќе ги донесе ги почитуваме сите, дали се согласуваме со нив или не, тоа не е воопшто важно“, вели претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1

360°: На 26 мај, безмалку пред еден месец, Судскиот совет го избра Африм Фидани за претседател на Врховниот суд, но до денес тој нема дадено свечена изјава што, пак, е предуслов да стапи на должноста. Вие во писмен одговор до медиумите рековте дека свечената изјава ќе се случи неделава поради „користење годишни одмори на членовите на Судскиот совет“. Може ли да ни објасните што значи „поради користење годишни одмори на членовите“?
Камбовски: Тоа знаете деке е еден свечен чин, покрај формалната страна којашто поминува на седница, меѓутоа за да организирате свечена заклетва нели треба да има предуслови – да има присутни членови пред коишто ќе се даде таа заклетва, да има присутни вработени од технички служби коишто сето тоа ќе го спроведат, потребно е да се објави со „Службен весник“… Сето тоа, поради тие некои околности, се пролонгира и дојде некако истовремено да биде со Кривичниот суд од каде што имавме кандидати за Апелационен суд во Скопје, таму знаете дека актуелниот претседател е избран за судија на Апелационен суд во Скопје и е потребно, откако и тој ќе даде заклетва, веднаш да поставивме вршител на должност претседател на Основниот кривичен суд. И одлучивме дека би можеле сето тоа да го споиме во еден настан, еве така да се изразам, и веднаш после тоа да можеме на седницата којашто ќе следува, сега на 3 или 4 јули, да не ја погрешам датата, да можеме веднаш да поставиме вршител на должност претседател.
360°: Африм Фидани имаше еден противкандидат, тоа беше доскорешната претседателка на Врховниот суд Беса Адеми. Таа се откажа од правото на жалба на 3 јуни, така што од тој аспект одолговлекувања не требаше да има. Ги проверив и снимките кога Беса Адеми, доскорешната претедателка, давала свечена изјава и на тој чин нема многу присутни членови на Судскиот совет, едвај неколкумина, не се мнозинството. Не можевте, во меѓувреме, со присутните да организиравте свечена изјава?
Камбовски: Не, Васко, затоа што јас бев отсутен од државата речиси десет дена.
360°: Минатата недела бевте тука.
Камбовски: Минатата недела бев тука, немаше никој друг во Судскиот совет, само јас бев, доаѓаа по еден час, колегите се на одмор, сепак доаѓаа и сега мислам дека, сепак, претседател на Врховен суд заслужува да дадеме поголемо признание.
360°: Зошто ве прашувам ова, дали очекувањата во одредени центри на моќ беа дека овој избор треба да пропадне и дека ова одолговлекување на свечената изјава, всушност, беше купување време можеби за барање начин за поништуивање на изборот на Африм Фидани, еве на пример преку проблематизрање на гласот на Весна Дамева?
Камбовски: Видете, ова што се пролонгира заклетвата немаше врска со тоа што вие кажувате дека некои кругови не сакале да биде извршен избор. Сум ги слушнал и јас тие, нормално, и самиот јас, по моето гласање, тоа јавно се виде и мојот став. Меѓутоа, Судскиот совет е колективно тело и одлуките што ќе ги донесе ги почитуваме сите, дали се согласуваме со нив или не, тоа не е воопшто важно. Со таа теза воопшто не се сложувам дека сега се купува време, па затоа судијата не е повикан на заклетва, затоа што ви кажувам – во текот на ова недела или најдоцна пред таа седница, ќе бидат сите повикани, ќе дадат заклетва. А некој ако има намера да поништува избор, заклетвата тоа не може да го спречи, во смисла да се чека, да не се дава заклетва за да може да се поништи изборот. Изборот може да се пониушти и после тоа, може и по една година да се поништи, не е дека чинот на заклетва некоја судија ќе заштити дека не може да му се поништи изборот.
360°: Според Вас, проблематичен ли е изборот на Африм Фидани за претседател на Врховниот суд?
Камбовски: Ние разговаравме со колегите точно за еден член дали бил, не бил изземен, ги враќавме назад записниците, на самата седница јас го прашав тој член дали има пречки да учествувате во овој избор и, како што мене ми беше кажано од тој член, дека нема пречки, дека бил изземен во некоја фаза која претходела на изборот на претседател на Врховниот суд.
360°: Јас го видов записникот од таа седница на којашто членот односно членката, станува збор за Весна Дамева, бара да биде изземена. Станува збор за седницата од 10 март годинава и во записникот пишува – за збор се јави членот на Советот, Весна Дамева, и наведе дека бидејќи е претседател на комисијата за избор на претседател на Врховен суд во моментот побара изземање од истата за да не се остави каква било дамка на целиот процес, напомена дека во моментот бара, а понатаму за изборот дополнително ќе се произнес. Според вас, ова е чисто?
Камбовски: Јас ја прашав на седницата, колешката што го реферираше извештајот напомена дека колешката била изземена, јас ја запрашав колешката јавно пред сите да слушаат дали постојат сѐ уште пречки бидејќи кажувате во иднина ќе се произнесете, ја слушнавте сите, кажа дека не во овој момент нема никакви причини да барам изземена. Законот за Судски совет, актуелниот што го имаме, не дава можност ние да изземеме некој член без тоа тој самиот да го побара. Кога членот смета дека не постојат услови за негово иземање било кој од тие што се предвидени во законот, ние не можеме по службена должност да го изземем, да кажеме не ние како Совет сметаме дека…

360°: Таа објасни дека во моментот кога се изземала од член на комисијата, тогаш се уште не знаела кои судии од Врховен суд постпаувале по еден предмет во којшто, на некаков начин, индиректно е засегнат и нејзиниот сопруг, но дека во меѓувреме пресудата била објавена и таа видела дека Африм Фидани воопшто не постапувал. Зошто воопшто ја држите отворена можноста за поништување на изборот на Фидани – велите ако сега не се поништи, изборот може да се поништи по извесно време?
Камбовски: Не, тоа ми беше во насока дека бидејќи, како што вие ми го поставивте прашањето, дека се одолговлекува заклетвата за да се даде шанса да се поништи изборот, мислата ми беше дека не мора да значи дека со ова ние заштитуваме односно создаваме услови некој да ја поништи таа одлука, може да ја поништи, денеска да даде заклетва, другиот ден може да ја понипти, тоа ми беше, не нешто друго.
360°: Вие и самиот рековте дека не гласавте ни за едниот ни за другиот кандидат, зошто?
Камбовски: Тоа јавно се гледаше, сметав дека треба да се дадат шанси на повеќе кандидати, станува збор за нашиот највисок суд, станува збор за судска инстанца којашто би требало да претставува врв и круна на секој еден што се занимава со оваа професија. Не дека колегите што се јавивја не припаѓаат таму, да не бидам погрешно разбран, меѓутоа мислев дека ќе има поголема конкуренција и Судскиот совет ќе може да донесе уште подобра одлука доколку имаме повеќе конкуретни, нормално ќе разгледуваме карактеристики, квалитети на секој еден од нив.
360°: И уште еднаш – кога ќе се случи свечената изјава?
Камбовска: Оваа недела планирам, меѓутоа најново што ми кажаа дека треба на седница да ставиме веднаш избор на в.д. претседател на Кривичен, ако даваат заклетва и судиите од Кривичнуот суд што се избрани, значи станува збор за техничко решение како да го изведеме тоа, дали во еден ден да ги повикаме сите да дадат заклетва за тие што се созреани условите… Затоа што ако ги повикаме нив сега, а седницата ни е по една недела, ќе го оставиме Кривичниот суд без претседател една недела. Тоа значи, чиста техникалија, мене воопшто не ми е, ниту сум имал некаква идеја да пролонгирам, можеме и утре да го повикаме претседателот…