„Нема жртви и нема штета на местата каде што паднале остатоците од дроновите“, рекол Собјанин додавајќи дека специјализирани тимови се на терен
Руската противвоздушна одбрана успешно одбила неколку напади со беспилотни летала насочени кон главниот град на земјата, соопшти градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

Како што јавуваат светските агенции, Собјанин на Телеграм соопштил дека противвоздушната одбрана во југоисточниот дел на Москва уништила група дронови, но не прецизираше за колку точно беспилотни летала станува збор,
„Нема жртви и нема штета на местата каде што паднале остатоците од дроновите“,
рекол Собјанин додавајќи дека специјализирани тимови се на терен.
Подоцна градоначалникот на Москва додаде дека два дрона кои се движеле кон Москва биле соборени во близина на Подолск, јужно од градот, додека трет бил соборен кај Троицк, југозападно од главниот град. Дополнително, уште една група од два дрона била соборена јужно од Москва.
