Најмалку едно лице загина синоќа кога беа погодени неколку станбени објекти и трговски центар при гранатирање на Подол, историски кварт на Киев
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, денеска најави „засилен полициски час“ во главниот град на Украина од 20 часот (по локално време) до 7 часот во среда.
Градоначалникот Кличко рече дека продавниците, аптеките и бензинските пумпи нема да се отворат во вторник. Делови од градот постојано се под оган од руските сили.
„Ги замолувам сите да останат дома – или во засолништа кога ќе се огласи алармот“,
рече тој.
Киев е еден од градовите кои се цел на гранатирања на руските сили изминатите денови.
Најмалку едно лице загина синоќа кога беа погодени неколку станбени објекти и трговски центар при гранатирање на Подол, историски кварт на Киев.
Минатата недела главниот град на Украина беше 35 часа со забрана за движење.
