Од утре сите граѓани на Северна Македонија, Хрватска, Бугарија и Романија за влез во Србија треба да имаат негативен ПЦР тест кој нема да биде постар од 48 часа, соопшти Кризниот штаб, додека рестрикциите за државјаните на Црна Гора се укинуваат.
Оваа одлука нема да се однесува на српските државјани кои доаѓаат од територијата на тие земји.
Одлуката е донесена врз основа на проценка на епидемиолошката состојба, како и врз основа на трендот на заболување од коронавирусот.
Според последите податоци во Србија, од тестирани 9 100 лица позитивни се 247 лица, тројца починале, што е најмал број од јуни, додека на респиратори има 78 пациенти.
Денеска Црна Гора, пак, ја укина забранаа за нас за влез во земјата. Единствен услов е негатиен ПЦР тест.
