Од утре (30 декември 2021) се укинува мерката за бесплатен градски автобуски превоз во Скопје, која беше воведена пред два дена поради алармантното ниво на загаденост на воздухот.
„Оваа одлука е донесена по добиеното известување од Министерството за животна средина и просторно планирање, а врз основа на добиените податоци од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух, за прекин на прагот на алармирање за надминат праг на алармирање за ПМ10 честички во градот Скопје е завршена“,
соопштија од Град Скопје.
Покрај бесплатниот превоз, градските власти пред два дена излегоа и со мерки и препораки кои опфаќаа и: зајакнат инспекциски надзор, ограничување на градежните активности на објектите во надлежност на Градот, интензивна контрола на градилиштата и возилата што излегуваат од нив, зачестено миење на градските улици и булевари итн.
