На прес-конференцијата пред два дена Филипче најави дека тоа ќе бидат лекари од „Аџибадем-Систина“ и од „Ремедика“, додека од клиниката „Жан Митрев“ рекле дека засега нема да партиципираат бидејќи голем број од нивните лекари се на боледување
Од утре осум лекари од приватното здравство се вклучуваат во поддршка на колегите од јавно-здравствените установи. Клучно е да го зголемиме капацитетот и човечките ресурси во битката со овој силен бран, објави министерот за здравство Венко Филипче.
Од утре осум лекари од приватното здравство се вклучуваат во поддршка на колегите од јавно-здравствените…
Posted by Венко Филипче on Wednesday, April 7, 2021
На прес-конференцијата пред два дена Филипче најави дека тоа ќе бидат лекари од „Аџибадем-Систина“ и од „Ремедика“, додека од клиниката „Жан Митрев“ рекле дека засега нема да партиципираат бидејќи голем број од нивните лекари се на боледување.
Овие осуммина ќе бидат вклучени во системот на ротација за грижа на ковид-пациентите сместени во клиниките од јавното здравство.
Утрово на редовната дневна координација со директорите на клиниките се договарала реорганизација на системот и обезбедување на потребните капацитети.
Филипче претходно изјави дека засега нема да се ставаат во функција капацитетите од приватните болници бидејќи капацитетите се доволни.