Од утре – 15 јуни, заклучно со 30 септември, белиот леб – сечен и цел, бел шеќер и сончогледово масло за јадење ќе се продаваат со пет отсто трговска маржа во трговија на големо и пет отсто во трговија на мало. За пченично брашно, тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, бел ориз, трајно млеко и јајца се утврдува маржа од десет отсто во трговија на големо и трговија на мало
Дополнително на тоа, како што додаде министерот Бектеши, во делот на формирањето цени, до крајот на годината нема да се пресметуваат никакви дополнителни оперативни трошоци и нема да се одобруваат ниту рабат ниту надоместоци на секој трговец на мало кои ги плаќа трговецот на големо или производителот

Од утре -15 јуни, заклучно со 30 септември, белиот леб – сечен и цел, бел шеќер и сончогледово масло за јадење ќе се продаваат со пет отсто трговска маржа во трговија на големо и пет отсто во трговија на мало. За пченично брашно, тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, бел ориз, трајно млеко и јајца се утврдува маржа од десет отсто во трговија на големо и трговија на мало.
Ова денеска го најави министерот за економија Крешник Бектеши, кој кажа дека од утре, со објавување во „Службен весник“, оваа одлука ќе стапи во сила, а ќе трае до 30 септември годинава.
„По консултација со бизнис-заедницата, посебно со трговците на мало и на големо и со производителите на основните прехранбени продукти откако беше направен надзор на пазарниот инспекторат и согласно сите извештаи на предлог на Министерството за економија, Владата само што ја усвои одлуката за определување највисока трговска маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало. Според одлуката, почнувајќи од утре, откако ќе биде објавена во ‘Службен весник’, заклучно со 30 септември оваа година, за бел леб сечен на парчиња или цел, бел шеќер, сончогледово масло за јадење се утврдува трговска маржа од пет отсто во трговија на големо и пет отсто во трговија на мало. За пченично брашно, тип 400 и тип 500, макарони, шпагети од тврда пченица, бел ориз, млеко и јајца се утврдува маржа од десет отсто во трговија на големо и трговија на мало“,
кажа Бектеши.
Дополнително на тоа, како што додаде, во делот на формирање на цени, до крајот на годината нема да се пресметуваат никакви дополнителни оперативни трошоци и нема да се одобруваат ниту рабат ниту надоместоци на секој трговец на мало кои ги плаќа трговецот на големо или производителот.
„Нема да има дополнителни трошоци за производителите и увозниците на прехранбени производи врз основа на такви договори кои ги прават меѓусебе во делот на рекламирање, во делот на позиционирање на производите во маркетите и слично“,
додаде министерот.
Владата, како што кажа Бектеши, будно ќе ја следи ситуацијата и, како што додаде, нема да дозволи да се прави профит на грбот на граѓаните.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа дали Владата ќе се откаже од некакви давачки што компаниите ги имаат кон државата, со оглед на високите цени на струјата и високите цени на суровините, Бектеши кажа дека цените на продуктите не се зголемени поради зголемување на струјата оти, како што кажа, цената на струјата овој месец не е поголема од претходните месеци.
„Во делот на цената на струјата, цените на електричната енергија не се поголеми овој месец за да има толку зголемување отколку што беа во мај, во април и во мај – спротивното е. Цените на електрична енергија во месец јуни се помали отколку што беа претходните месеци кога имаше помали цени на основните прехранбени производи. Тој трошок од цената на електричната енергија не може да биде поголем за да се стави во цената. Цената преку универзалниот снабдувач за мали потрошувачи, за микро, мали компании е истата што ја имале од јануари до денес. Во слободниот пазар е намалена за тие компании кои биле на слободниот пазар во претходните месеци“,
посочи министерот.
Во однос на директните фискални импликации од страна на Буџетот, министерот посочи оти е најавено и се чека ребалансот да помине во собрание.
„Дента кога ќе помине ребалансот во собрание ќе излеземе и ќе известиме за новите мерки кои ќе бидат таргетирани“,
додаде тој.
Бектеши нагласи дека сите мерки што досега биле носени и се носат се во соработка со стопанските комори, а оти не е фер кон потрошувачите во текот на 24 часа да има зголемување на цените за 80 отсто кога нема зголемување на оперативните трошоци ниту на суровините.