Од претпријатието нема информации кои се причините за измените, а во соопштението наведуваат дека тие ќе траат „до нивно отповикување“
Од среда (25 октомври), наместо три, на релацијата од Битола до Скопје и обратно ќе сообраќа само еден воз дневно.
Од Железници–Транспорт наведуваат дека единствениот воз кој ќе може да го фатат битолчани за да стигнат до Скопје ќе поаѓа во 3:13 часот.
Од главниот град кон Битола, пак, возот ќе тргнува во 14:30 часот.
Од претпријатието нема информации кои се причините за измените, а во соопштението наведуваат дека тие ќе траат „до нивно отповикување“.
Како што објави вчера Телма, Владата ќе му помага на МЖ–Транспорт со 15 милиони евра за да ги подмири долговите кон ЕСМ. Од Владата потврдиле дека барањето на Железница било прифатено на владина седница, но не одговориле што точно претпријатието ќе покрива со овие пари. Според информации на Телма, со парите, МЖ–Транспорт ќе плати долг за струја, а ќе ги врати и позајмиците за плати кои ЕСМ континуирано им ги дава на МЖ–Транспорт.
