Деталните информации за изменетиот возен ред, вклучително и статичниот возен ред по линии и возниот ред по постојки, кој ќе започне со примена од 4 април, ќе бидат достапни на официјалната веб-страница на сообраќајното претпријатие
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информира дека почнувајќи од 4 април (сабота) стартува примена на нов возен ред за дел од линиите во рамките на единствената мрежа на линии во Скопје.

„Со измените се врши усогласување на возниот ред со Одлуката за интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје, со цел унапредување на организацијата и ефикасноста на јавниот превоз“,
соопштија од ЈСП.
Од сообраќајното претпријатие посочуваат дека деталните информации за изменетиот возен ред, вклучително и статичниот возен ред по линии и возниот ред по постојки, кој ќе започне со примена од 4 април, ќе бидат достапни на официјалната веб-страница на претпријатието.
