Од АМСМ прпорачуваат приспособена брзина на движење и почитување на поставената сигнализација на делниците каде има можност од појава на одрони, како кај Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево
Од 11 часот сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ („Евзони“) кон соседна Грција е блокиран за влез и излез од земјава, а на „Меџитлија“ („Ники“) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Засега сообраќајот на преминот „Дојран“ се одвива непречено, но поради зголемен интензитет се очекуваат задржувања за влез во државата.

Како што претходно соопштија од АМСМ, на граничните премини „Дојран“ и „Табановце“ за излез од земјава утрово се чека од половина час до 40 минути.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Од АМСМ прпорачуваат приспособена брзина на движење и почитување на поставената сигнализација на делниците каде има можност од појава на одрони, како кај Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.
