Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 75 денари за еден литар, еуросупер БС-98 ќе изнесува 77 денари за литар, еуродизел БС (Д-Е V) ќе се продава за 68 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 67,5 денари за литар
Од ноќеска на полноќ бензините поскапуваат за еден денар по литар, додека дизелот ќе се продава за половина денар повеќе, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Со најновата одлука на Регулаторна, малопродажната цена на нафтените деривати во просек се зголемува за 0,64 отсто во споредба со претходната одлука.
Така, од ноќеска на полноќ еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 75 денари за еден литар, еуросупер БС-98 ќе изнесува 77 денари за литар, еуродизел БС (Д-Е V) ќе се продава за 68 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 67,5 денари за литар.
Намалување на цената за 0,378 денари ќе има на мазутот М-1 HC, кој ќе се продава по цена од 38,265 денари за килограм.
Од РКЕ наведуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка кај бензините бележат зголемување во просек за 1,985 отсто, кај дизелот за 1,915 и кај екстра лесното масло за за 1,244 отсто, додека кај мазутот има намалување за 1,246 отсто.
Курсот на денарот, пак, во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1230 отсто.