Со тоа, новата цена на еуродизел ќе изнесува 67,50 денари, а на екстра лесното масло 66,50 денари за литар
Од полноќ поскапува еуродизелот (Д-Е V) за еден денар за литар, информираат од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

За 0,50 денари за литар поскапува екстра лесното масло за домаќинство.
Со тоа, новата цена на еуродизел ќе изнесува 67,50 денари, а на екстра лесното масло 66,50 денари за литар.
Цените на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 не се менуваат.
За 0,112 денари поскапува и мазутот и еден килограм ќе се продава за 33,099 денари.
