Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 74,50 денари/литар, Еуросупер БС-98 ќе биде 76,50 денари/литар, Еуродизел БС (Д-Е V) е 65,00 денари/литар и масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 67,50 денари/литар
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,429 ден/кг и сега ќе изнесува 37,862 ден/кг.

Од ноќеска на полноќ новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 74,50 денари/литар, Еуросупер БС-98 76,50 денари/литар, Еуродизел БС (Д-Е V) 65,00 денари/литар и масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 денари/литар.
Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати и оти трговците на големо и трговците на мало можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.