Малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат

Од ноќеска на полноќ се намалуваат малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 за 0,50 денари/литар и на мазутот М-1 НС за 0,314 ден/кг одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Моторен бензин еуросупер БС-95 ќе чини 75 денари/литар, моторен бензин еуросупер БС-98 ќе биде 77 денари/литар, дизел-гориво еуродизел БС (Д-Е V) ќе чини 71,50 денари/литар, маслото за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 71 денари/литар и мазутот М-1 НС 40,158 денари/килограм, се наведува во соопштението од РКЕ.
Со Одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42 отсто во однос на одлуката од 14.7.2025 година, додаваат од РКЕ.