Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 83 денари, еуросупер БС-98 за 85,5 денари, а цената на дизелот останува 84,5 денари за литар
Од полноќ поевтинуваат бензините од еден денар до денар и половина, додека цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на еуросупер БС-95 се намалува за 1,50 денар, а за еден денар на еуросупер БС-98.
За еден денар се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство, а малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,361 денари по килограм.
Согласно новата одлука, еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 83 денари за литар, еуросупер БС-98 по цена од 85,5 денари за литар. Цената на дизелот останува 84,5 денари за литар. Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 81,5 денари за литар, а мазутот ќе се продава по цена од 42,171 денар за килограм.