Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек е за 2,50 проценти во однос на одлуката на РКЕ од 1 април годинава
Од ноќеска на полноќ бензините еуросупер 95 и еуросупер 98 поевтинуваат за 2,5 денари за литар. Еуродизелот поевтинува за 1,5 денари, а за денар поевтино ќе се продава екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Според одлуката, новата малопродажна цена на еуросупер 95 ќе изнесува 81 денар за литар, а за 83 денари за литар ќе се продава еуросупер 98. Литар еуродизел ќе чини 82 денари, а новата цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) е 78,50 денари.
За 1,976 денари се намалува малопродажната цена на мазутот М-1 НС, а килограм ќе чини 54,154 денари.
Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек е за 2,50 проценти во однос на одлуката на РКЕ од 1 април годинава.
„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,646 проценти или за 17,450 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 2,275 проценти или за 25,900 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 1,931 процент или за 20,500 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 2,204 проценти или за 15,450 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно приспособување. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 55,8040 ден/$ и е за околу 0,223 проценти понизок од курсот на доларот (55,9286 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка“,
објаснува РКЕ во образложението за новата цена на нафтените деривати.
