Реакциите доаѓаат по воената операција на САД која резултираше со а+псење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга

По операцијата на САД во која беше заробен венецуелскиот претседател Николас Мадуро со реакции излегоа дел од европските лидери.
Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, вели дека земјата не била вклучена во операцијата и оти сака да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп „прво за да се утврдат фактите“ пред да коментира понатаму.
Одговарајќи на новинарско прашање дали денеска разговарал со Трамп, Стармер рече не го направил тоа и оти „очигледно станува збор за ситуација која брзо се менува, па затоа мораме да ги утврдиме сите факти“.
„Она што можам да го кажам е дека Велика Британија не беше вклучена на никаков начин во оваа операција и, како што би очекувале, ние сме фокусирани на британските државјани во Венецуела и тесно соработуваме со нашата амбасада“,
вели тој.
На прашањето дали ја осудува акцијата, Стармер одговори: „Прво сакам да ги утврдам фактите. Сакам да разговарам со претседателот Трамп, сакам да разговарам со сојузниците“.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска, повика на „мирен“ и „демократски“ трансфер на власта во Венецуела каде што народот може само да се радува затоа што се ослободил од диктатурата на Николас Мадуро.
„Со преземањето на власта и газењето на основните слободи, Николас Мадуро сериозно го поткопа достоинството на сопствениот народ“,
напиша францускиот претседател на Икс.
The Venezuelan people are today rid of Nicolás Maduro’s dictatorship and can only rejoice.
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) January 3, 2026
By seizing power and trampling on fundamental freedoms, Nicolás Maduro gravely undermined the dignity of his own people.
The upcoming transition…
Шефот на државата е за транзиција „што ја почитува волјата на венецуелскиот народ“, која би ја обезбедил „што е можно побрзо“ Едмундо Гонзалез Урутија, кандидатот на опозицијата на претседателските избори во 2024 година.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени дека Мадуро „ја довел својата земја до пропаст“.
Според Мерц, Мадуро „играл проблематична улога во регионот“, особено со „вклучување на Венецуела во трговијата со дрога“. Тој додаде дека Германија не ги признала последните избори во Венецуела, кои ги смета за „наместени“.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони вели дека „надворешната воена акција не е начин да се стави крај на тоталитарните режими“, но додава дека е „легитимно“ да се брани од „напади врз сопствената безбедност“.
Мелони истакна дека Италија секогаш го поддржувала стремежот на венецуелскиот народ за демократска транзиција во оваа латиноамериканска земја.
Премиерот на Шпанија Педро Санчез вели дека земјата „не го признала“ режимот на Мадуро, но „ниту ќе признае интервенција што го крши меѓународното право“. Тој повикува на почитување на Повелбата на ОН.
Високата претставничка за надворешни работи на Европската Унија, Каја Калас, вели дека ЕУ „постојано изјавила“ дека Мадуро нема легитимитет, но повикува на „воздржаност“ и почитување на меѓународното право.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен повикаа на деескалација на состојбата и на мирно и демократско решение во Венецуела.
„Ја следам ситуацијата во Венецуела со голема загриженост. Европската Унија повикува на деескалација и решение со целосно почитување на меѓународното право и принципите загарантирани во Повелбата на Обединетите нации. Европската Унија ќе продолжи да поддржува мирно, демократско и инклузивно решение во Венецуела“,
наведе Кошта во објава на Икс.
I am following the situation in Venezuela with great concern. The European Union calls for de-escalation and a resolution in full respect of international law and the principles enshrined in the Charter of the United Nations.
— António Costa (@eucopresident) January 3, 2026
The European Union will continue to support a…
Тој натаму додаде дека Европскиот совет ги поддржува напорите на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, во координација со земјите-членки, за гарантирање на безбедноста на европските граѓани во Венецуела.
Фон дер Лајен, исто така во објава на Икс, потенцира дека ЕУ внимателно ја следи ситуацијата во Венецуела.
„Ние стоиме зад народот на Венецуела и поддржуваме мирна и демократска транзиција. Секое решение мора да го почитува меѓународното право и Повелбата на ОН“,
додаде Фон дер Лајен.
Поврзани вести:
- Венецуелските власти не знаат каде се наоѓаат Мадуро и неговата сопруга – бараат доказ дека се живи
- Мадуро е уапсен за да му се суди во САД – му рекол Рубио на американски сенатор
- Трамп потврди дека САД ја нападнале Венецуела: Мадуро е заробен и изнесен од земјата
- (ВИДЕО) Експлозии во главниот град на Венецуела, Мадуро прогласи вонредна состојба во земјата
- Трамп наредил напади врз Венецуела, објави Си-би-ес њуз
- Мадуро и неговата сопруга се обвинети за повеќе кривични дела поврзани со дрога и оружје
- САД поднесоа ново обвинение против Мадуро, сопругата и синот
- САД ќе ја водат Венецуела сè додека не се направи „разумна транзиција на власта“, вели Трамп
- Над 150 авиони учествувале во операцијата за заробување на Мадуро, соопшти американскиот генерал Ден Кејн
- Градоначалникот на Њујорк, Мамдани, заробувањето на Мадуро го нарекува „чин на војна“
- (ФОТО) Трамп објави фотографии од следењето на операцијата во која беше заробен Мадуро
- Мадуро е „единствениот претседател на Венецуела“, вели потпретседателката Родригез
