Најзагрижувачка во моментов е состојбата во Шангај каде што и покрај карантинот, кој трае веќе три недели и масовните тестирања на населението, бројката на заразени расте
Бројот на откриени случаи на заразени со коронавирус во светот надмина половина милијарда, покажуваат податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“, кој ги сумира информациите од федералните и локалните власти, како и од медиумите и други јавни извори.
Бројот на откриени случаи на ковид-19 во светот достигна 500 363 741.
Од почетокот на пандемијата досега починале 6 183 944 лица.
И додека во поголем дел од светот полека се намалуваат рестрикциите, бројот на заразени и натаму е загрижувачки како резултат на сојот омикрон, поточно подваријантата стелт, иако симптомите и тежината на болеста се неспоредливо послаби во споредба со претходните соеви.
Најзагрижувачка е состојбата во Шангај каде што и покрај карантинот, кој трае веќе три недели и масовните тестирања на населението, бројката на заразени расте.