По прес-конференцијата на министерот Венко Филипче на која соопшти дека во последните 24 часа имаме рекордни 364 нови случаи со ковид-19 од Министерството за здравство ги соопштија и информациите во кои градови се новите случаи.
Тие се детектирани од 2 140 направени тестирања, а распределбата по градови покажува дека повеќе од половина – 184 се во Скопје. Останатите се во: Куманово-13, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-12, Тетово-19, Струга-6, Велес-4, Битола-10, Охрид-4, Кавадарци-5, Гостивар-4, Гевгелија-5, Струмица-21, Крива Паланка-5, Радовиш-11, Кочани-17, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-3, Виница-2, Делчево-4, Свети Николе-11, Кичево-3, Неготино-1.
Активни се 3 147 случаи

Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19777, бројката на оздравени пациенти е 15 855, на починати е 775, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3 147. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 7 908, активни 1 315
• Куманово 1 836, активни 167
• Дебар 291, активни 34
• Штип 1319, активни 88
• Прилеп 754, активни 134
• Тетово 1536, активни 181
• Струга 700, активни 46
• Велес 352, активни 36
• Битола 354, активни 84
• Охрид 447, активни 35
• Кавадарци 260, активни 44
• Гостивар 963, активни 70
• Гевгелија 160, активни 61 (11 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 23 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 350, активни 203
• Крива Паланка 135, активни 40
• Радовиш 118, активни 45
• Крушево 20, активни 1
• Кочани 466, активни 199
• Пробиштип 121, активни 18
• Демир Хисар 62, активни 2
• Македонски Брод 94, активни 1
• Пехчево 46, активни 3
• Берово 132, активни 50
• Валандово 57, активни 42
• Виница 128, активни 38
• Делчево 179, активни 89 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 26, активни 2
• Свети Николе 391, активни 66
• Кичево 343, активни 31
• Ресен 167, активни 8
• Неготино 62, активни 14 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2 140 теста се преку: ИЈЗ-533, ЦЈЗ Скопје-95, Авицена-375, Биотек-212, МАНУ -159, Жан Митрев (Филип Втори)-400, Систина со PCR метода -184, лабораторија Лаор –48, Судска медицина-13, ЦЈЗ Битола-55, Инфективна клиника-23, ГАК-8, Синлаб-35, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 201 512 тестирања на Ковид -19.