„Одлучив да воведам сет мерки за пренос на плаќањето за нашите испораки на гас до непријателските земји во руски рубљи. Русија отсега ќе прифаќа плаќање за извезениот природен гас во непријателските земји само во рубљи“, изјави Путин на денешната владина средба, која беше пренесувана во живо на телевизија
Рускиот претседател Владимир Путин денеска соопшти оти за испорака на рускиот гас во „непријателските земји“ ќе прифати единствено плаќање во рубљи откако Москва беше погодена од строги санкции поради нејзината инвазија на Украина.
„Одлучив да воведам сет мерки за пренос на плаќањето за нашите испораки на гас до непријателските земји во руски рубљи. Русија отсега ќе прифаќа плаќање за извезениот природен гас во непријателските земји само во рубљи“,
изјави рускиот претседател Владимир Путин на денешната владина средба, која беше пренесувана во живо на телевизија.
Тој на Централната банка и на Владата им даде рок од една недела за да ја утврдат процедурата за операции за купување рубљи на домашниот пазар за увозниците.
Путин додаде дека Русија ќе продолжи да испорачува гас во согласност со обемот и принципите на цените на договорите, а единствено ќе се промени валутата на плаќање.
Рускиот лидер објасни дека Русија планира да се откаже од сите „компромитирани“ валути во плаќањата. Тој додаде оти нелегитимните одлуки на голем број западни земји за замрзнување на средствата на Русија ја уништиле сета доверба во нивните валути.