Властите во Њујорк велат дека салата каде што се одржува Генералното собрание е конгресен центар што подлежи на истите правила како и повеќето затворени простории во Њујорк

Сите дипломати што наредната недела ќе присуствуваат на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) ќе треба да покажат доказ за вакцинација против коронавирусот во согласност со правилата што важат во Њујорк.
Во писмо до претседателот на Генералното собрание, Абдула Шахид, од 9 септември, властите во Њујорк наведуваат дека сите присутни во седиштето на ОН ќе треба да покажат доказ за вакцинација против ковид-19. Градските власти велат дека салата каде што се одржува Генералното собрание на ОН е конгресен центар што подлежи на истите правила како и повеќето затворени простории во Њујорк.
На седницата од 21 до 27 септември се очекуваат дипломати од целиот свет, иако некои ќе бидат онлајн.