Документот одобрен од Австрија е испратен до земјата претседавач со ЕУ, Шпанија, а сега останува на претседателството и на Европската комисија да ја спроведат бугарската и романската апликација за влез во Шенген зоната
Бугарија и Романија постигнаа договор со Австрија за влез во Шенген зоната по воздушен пат, откако двете земји ги исполнија барањата, соопшти Министерство за надворешни работи на Австрија.
Документот е испратен до земјата претседавач со ЕУ, Шпанија, а сега останува на претседателството и на Европската комисија да ја спроведат бугарската и романската апликација за влез во Шенген зоната.
Австрија побара зголемување на мисиите на Фронтекс во Бугарија и Романија, распределба на финансиски средства од Европската комисија за стабилна заштита на надворешните граници на ЕУ во двете земји, како и построга контрола на копнените граници во Бугарија и Романија за барателите на азил, особено од Авганистан и Сирија, кои моментално се наоѓаат во Австрија.
Според виенски „Курир“, воздушниот Шенген значи дека патниците од Романија и Бугарија повеќе нема да мора да поминуваат низ терминалите за трети земји на аеродромите.
Оваа одлука ќе стапи во сила во март 2024 година.