Заменик-градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи, починал утринава од компликации од ковид-19. Тој претходно десет дена се лекувал на Клиниката за инфективни болести во Скопје, но потоа лекувањето го продолжил во приватната болница „Систина“, каде што починал, објави „Слободен печат“ повикувајќи се на информации од болницата.
Малиќи на последните локални избори беше избран како советник во Град Скопје од листата на ДУИ, а градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во ноември 2017 го именуваше за заменик-градоначалник.

Малиќи беше почесен конзул на Мексико и познат бизнисмен – управител на компанијата „Гемак трејд“ и сопственик на „Парк хотел спа“ на кејот на Вардар.