Поранешниот градоначалник на Демир Капија, Трајче Димитриев, почина од компликации од ковид-19. Информацијата за МИА ја потврдија негови блиски и Петар Мојсов, поранешен претседател на демиркапискиот Совет на општина.
Димитриев кој во два наврата по два мандата раководеше со демиркаписката општина имаше 63 години.
Блиски на поранешниот градоначалник за МИА велат дека Димитриев се лекувал во болница во Кавадарци, па бил префрлен во Скопје, каде иако имало кратко подобрување на клиничката слика, нагло му се влошила состојбата.
„Зошто најдраг пријателе, зошто не напушти прерано, а се уште сонуваше да создаваш за Демир Капија? Твоите дела за твојата драга Демир Капија останаа за век и векови, ти замина во вечноста, а сепак ја остави вечноста меѓу сите нас. Ми беше чест што те имав за пријател и ти бев прв соработник. Почивај во мир, шефе“,
напиша Мојсов на својот фејсбук-профил.
