Благодарност до лекарскиот персонал во Ургентниот клинички центар во Белград изразија двајцата пациенти и македонскиот амбасадор во Белград, Никола Тупанчески, кој беше присутен на денешното отпуштање на пациентите
Последните двајца пациенти од вкупно 17 кои се лекуваа на Ургентниот клинички центар во Белград, а кои беа повредени во пожарот во Кочани, денес се пуштени од болничко лекување. Се работи за млади луѓе, 23-годишно момче и 24-годишна девојка, кои своето лекување ќе го продолжат во Македонија.

Докторот Милан Стојчиќ, раководител на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Клиничкиот центар рече дека сите 17 пациенти кои биле примени на 16 и 17 март годинава се успешно лекувани, а денеска белградската болница ја напуштаат последните два пациенти повредени во пожарот во Кочани.
„Изразувам и благодарност до македонските власти кои секојдневно беа во контакт со нас, како и на македонскиот амбасадор Никола Тупанчески кој постојано водеше грижа за состојбата на пациентите. Денеска ги отпуштаме последните двајца пациенти кои ги лекувавме во Ургентниот центар“,
рече доктор Стојчиќ.
Благодарност до лекарскиот персонал во Ургентниот клинички центар во Белград изразија двајцата пациенти и македонскиот амбасадор во Белград, Никола Тупанчески, кој беше присутен на денешното отпуштање на пациентите.