Според законот, покрај најлонските кеси, забранети се и пластични сламки, но и пластичен прибор за јадење и одредени кутии за пакување храна
Пластичните кеси и пластиката за еднократна употреба од денеска се забранети за употреба во Црна Гора, согласно Законот за управување со отпад. За непочитување на таа законска одредба се предвидени казни од една илјада од 40 000 евра.
Законот за управување со отпад стапи во сила на 20 април годинава, а примената на поединечните одредби, вклучително и оние што се однесуваат на пластичните кеси и пластиката за еднократна употреба, е предвидена за шест месеци од денот на стапување во сила.
Според законот, забранета е употреба на лесни пластични кеси за носење, со дебелина од 15 до 50 микрони, на продажното место на стоки или производи. За кеси со дебелина поголема од 50 микрони се плаќа такса од 0,03 евра.
Покрај најлонските кеси, забранети се и пластични сламки, но и пластичен прибор за јадење и одредени кутии за пакување храна.
Законот предвидува и посебни давачки за депонирање мешан комунален отпад бидејќи целта е да се намали депонирањето отпад на депониите.