Мерката за бесплатен автобуски превоз, која поради виското ниво на аеро загадување беше прогласена во понеделникот, од денеска се укинува и престанува да важи.

Одлуката беше донесенa поради подобрување на состојбата со загаденоста на воздухот. Мерката за бесплатен јавен превоз во Скопје беше активирана на 27 декември откако два дена по ред беше надминат прагот на алармирање за ПМ10 честички во воздухот.