Ова е договорено на последната средба на двете влади, а целта е да се избегнат гужви во летниот период
Денеска започна спроведувањето на договорот меѓу Косово и Албанија, кој беше договорен на последната средба на двете влади, а се однесува на целосно отворање на границата за време на викендите во текот на летната сезона.
Според овој договор, од денеска до 30 септември за време на викендите при влез од Косово во Албанија и од Албанија во Косово нема да има вообичаени контроли на возила и документи за да избегнат гужви и чекање за излез или влез.