Здравствените власти денеска регистрираа 101 нов случај со ковид-19 од кои повеќе од половина се во Скопје 59.
Од нив досега се обработени 51 и според податоците од Министерството за здравство, по општини статистиката е следна:
- Чаир 11
- Центар 10
- Бутел 9
- Аеродром 5
- Гази Баба 5
- Кисела Вода 3
- Сарај 3
- Карпош 2
- Петровец 1
- Ѓорче Петров 1
- Шуто Оризари 1
Покрај во главниот град, останатите случаи од денешните 101 се рагистрирани во 11 други градови:
– Куманово 12
– Штип 7
– Струга 6
– Тетово 5
– Гостивар 3
– Кочани 3
– Пробиштип 2
– Прилеп 1
– Велес 1
– Охрид 1
– Кавадарци 1
Денеска беа регистрирани и четири смртни случаи. Еден пациент почина на Инфективната клиника, а тројца во Градската болница „8 Септември“. Најмладиот имал 58 години, а највозрасниот 84.
Од почетокот на епидемијата во земјава се регистрирани 2 492 заразени од кои излекувани се 1 605 пациенти, а 145 починале. Во моментов активни се 742 случаи.
Поради зголемување на бројот на заразени Владата вечерва донесе одлука и за полициски час во текот на претстојниот викенд.
Се воведува целосна забрана на движење од утре (4 јуни) од 21 часот до понеделник (8 јуни) до 5 часот наутро за сите општини во Скопје, како и за Општина Куманово, Општина Липково, Општина Штип, Општина Тетово, како и општините Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.
Во сите останати општини, полицискиот час ќе трае од четврток (4 јуни) од 21 часот до петок (5 јуни) до 5 часот наутро. Останатите денови полицискиот час ќе започнува од 16 часот и да трае до следниот ден до 5 часот наутро. На цела територија на државата е забранета посета на гробишта.