А.Г. (31) од Гевгелија вчера во 14:30 часот е лишена од слобода на базен во Гевгелија бидејќи не се придржувала на одлуката на Владата и решението за самоизолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат и е спроведена во државен карантин.
Како што информира МВР, по комплетирање на случајот, за А.Г. ќе биде изготвен поднесок за сторено кривично дело казниво по чл. 205 и чл. 206 од Кривичниот законик.
За настанот е известен јавен обвинител.
