„Тоа е зголемувањето на платите, со што ќе продолжиме и во наредниот период по завршување на изборите. Затоа што сметаме дека трудот на сите здравствени работници треба да се вреднува соодветно. Втората работа, што сметам дека е многу важна за останување на нашите пред се лекари во нашата земја, е навременото брзо упатување на специјализација“, вели заминчката за министерот за здравство, Манолева
Од јавното здравство годишно заминуваат во странство од 200 до 250 лекари. Ова денеска по повод одбележувањето на Светскиот ден на здравјето – 7 април во организација на Македонското лекарско друштво го изјави претседател на ова друштво, Горан Димитров.

„Бројката варирала. Пресек од минатиот век до сега е дека бројката во почетокот на 20. век од 60-тина лекари, во 90-тите имало пораст на 18 000, а сега се движела меѓу 6-7 000 лекари кои се медицински доктори, без стоматолози и фармацевти“,
рече тој.
Од професионална гледна точка, според него, треба да се направи добра регионализација, за да им се обезбеди на докторите услови за добра работа, услови за специјализација, напредување, брзо вработување, на некој начин со стипендии уште додека учат студентите по медицина и секако, како што рече, да се почитуваат желбите за напредувањето или за визијата кои ја имаат младите тука.
Заменичката на министерот за здравство, Маја Манолева кажа дека треба да се соочиме со проблемот со одливот не само на лекари, туку на сите здравствени работници, а со кој се соочуваат сите држави.
Во изминатиот период, рече таа дека интервенирале во однос на она што значи примарен услов, но не и единствен, за останување на здравствените работници за работа во нашата земја.
„Тоа е зголемувањето на платите, со што ќе продолжиме и во наредниот период по завршување на изборите. Затоа што сметаме дека трудот на сите здравствени работници треба да се вреднува соодветно. Втората работа, што сметам дека е многу важна за останување на нашите пред се лекари во нашата земја, е навременото брзо упатување на специјализација“,
вели таа.
Таа одговарајќи на новинарски прашања, кажа дека од 2006 до 2016 на специјализација се упатени не повеќе од 700 лекари.
„За разлика од периодот од 2017 до 2023, каде што имало упатено на специјализација 1 300 лекари. Тоа е речиси двојно зголемување на бројот на специјализации, дополнително и на супспецијализации на нашите млади лекари. Што е важен предуслов за нивно останување во нашата земја“,
рече таа.
Дополнително, според Манолева, вложувањето во инфраструктура во јавните здравствени установи ќе биде уште еден мотив и е уште еден мотив за останување на младите лекари тука, во нашата земја.
„Освен во инфраструктура и во најмодерна и најсофистицирана опрема, што им овозможува да светските методи, што се работат некаде надвор во светот, се работат и овде во нашата земја“,
рече Манолева.
