Во текот на изминатите 24 часа се пријавени две починати лица од Скопје (72г и 60г), а согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште две починати лица, од Битола (67г) и од Струга (65г)
Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие има 178 нови случаи на ковид-19 од направени 1 238 тестирања.
Од нив, 101 нов случај се во Скопје, Прилеп има 11, Кавадарци, Гостивар и Охрид – по 10, Струга – 8, Тетово – 7, Битола и Неготино – по 5, Кочани – 3, Струмица – 2, Куманово, Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш и Дебар – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (178), регистрирани се 33 реинфекции. Оздравеле 592 пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа се пријавени и две починати лица од Скопје (72г и 60г), кои починале во болнички услови.
„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од ‘Мој Термин’ се регистрирани две починати лица, од Битола (67г) и од Струга (65г). Двете лица се починати во домашни услови. Лицата за починати се пријавени во период од 13.07. – 23.07.2022 година“,
соопшти ресорното министерство.
Бројот на активни случаи во земјава изнесува 4 116, од кои најмногу има во главниот град, вкупно 1 725.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 155411, Активни 1725
Куманово 17538, Активни 204
Битола 16934, Активни 298
Прилеп 14905, Активни 189
Тетово 14060, Активни 156
Кавадарци 11452, Активни 201
Велес 10374, Активни 120
Гостивар 9954, Активни 120
Охрид 9637, Активни 203
Струмица 8477, Активни 126
Штип 8441, Активни 98
Кичево 5896, Активни 72
Кочани 5291, Активни 48
Струга 4972, Активни 99
Гевгелија 4602, Активни 56
Неготино 3919, Активни 57
Ресен 2908, Активни 52
Свети Николе 2718, Активни 23
Радовиш 2667, Активни 56
Крива Паланка 2535, Активни 28
Делчево 2017, Активни 3
Дебар 1751, Активни 36
Берово 1737, Активни 15
Валандово 1554, Активни 17
Виница 1419, Активни 16
Пробиштип 1291, Активни 5
Богданци 1051, Активни 11
Кратово 1034, Активни 24
Крушево 976, Активни 22
Демир Хисар 891, Активни 22
Македонски Брод 771, Активни 9
Демир Капија 606, Активни 2
Македонска Каменица 527, Активни 1
Пехчево 494, Активни 1
Дојран 362, Активни 1