Новите прописи ќе бидат обврзувачки за сите 27 земји-членки
Европска комисија денеска усвои регулатива за важење на сертификатите за ковид-19 девет месеци од примарната вакцинација, изјави претставник на Европска Унија.
Тој додаде дека новите прописи ќе бидат обврзувачки за сите 27 земји членки од 1 февруари.
Регулативата може да биде поништена со квалификувано мнозинство од владите на ЕУ или просто мнозинство од членовите на ЕП, но според официјалните лица нема доволно поддршка за тоа.