Во писмо објавено на неговата социјална мрежа Трут соушaл (Truth Social), Трамп го информира канадскиот премиер Марк Карни дека царините ќе стапат во сила од следниот месец и ќе бидат зголемени доколку Канада одговори со реципрочни мерки

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека од 1 август САД ќе воведат 35 отсто царини на увозот на производи од Канада и додаде дека размислува за дополнителни царини од 15 до 20 отсто и за поголемиот дел од другите трговски партнери.
Во писмо објавено на неговата социјална мрежа Трут соушaл (Truth Social), Трамп го информира канадскиот премиер Марк Карни дека царините ќе стапат во сила од следниот месец и ќе бидат зголемени доколку Канада одговори со реципрочни мерки.
Во интервју за Ен-би-си њуз, Трамп изјави дека не секоја земја ќе добие писмо, но сите ќе бидат опфатени со новите царини.
„Ќе платат, дали 20 или 15 проценти, сѐ уште го утврдуваме тоа“,
рече тој.
Претходно оваа недела САД веќе воведоа нови царини кон неколку земји, вклучувајќи ги сојузниците Јапонија и Јужна Кореја, како и 50 отсто на увоз на бакар.