По однос на мерките за обезбедување присуство на второосомничениот во понатамошниот тек на постапката, Основното јавно обвинителство Скопје предложи замена на мерката притвор со мерка куќен притвор и одземање на патна исправа, имајќи го предвид фактот во најголем дел се обезбедени доказите во текот на постапката, дека тој доброволно се пријавил на органите на прогонот, како и дека постојат индиции дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност, кои индиции се поткрепени со известувања од надлежните органи. Исто така индициите за загрозената безбедност се однесуваат и на членовите на неговото семејство“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Основното јавно обвинителство Скопје предложило поранешниот прв вицепремиер и министер, Артан Груби, во понатамошниот тек од постапката за случајот „Лотарија“ наместо да издржува притвор во затворот „Скопје“ да се брани од куќен притвор и да му биде одземена патната исправа.

Обвинителството вечерва официјално се огласи преку соопштение, откако ексвицепремиерот денеска помина речиси шест часа во нивната зграда, по што беше спроведен во Основниот кривичен суд Скопје.
Оттаму велат дека предложената замена на мерката за обезбедување присуство е поради тоа што најголем дел од доказите биле обезбедени во текот на досегашната постапка, како и тоа што Груби доброволно се пријавил на органите на прогонот. Дополнително, велат од Обвинителството постојат индиции дека во притворското одделение на затворот на Груби не може да му се гарантира личната безбедност.
„По однос на мерките за обезбедување на присуство на второосомничениот во понатамошниот тек на постапката Основното јавно обвинителство Скопје предложи замена на мерката притвор со мерка куќен притвор и одземање на патна исправа, имајќи го во предвид фактот во најголем дел се обезбедени доказите во текот на постапката, дека истиот доброволно се пријавил на органите на прогонот, како и дека постојат индиции дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност, кои индиции се поткрепени со известувања од надлежните органи. Исто така индициите за загрозената безбедност се однесуваат и на членовите на неговото семејство“,
се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Од Обвинителството појаснуваат дека денеска Груби бил во нивните простории на негово барање, изјавено преку неговиот адвокат, за во присуство на надлежниот јавен обвинител да изврши увид во списите на предметот.
„Поради обемноста на доказниот материјал увидот ќе продолжи наредните денови по што на второосомничениот ќе му биде овозможено да ја даде својата одбрана одбрана“,
велат од ОЈО Скопје.
Инаку, Груби во моментов се наоѓа во Основниот кривичен суд Скопје каде се чека одлуката на судијата на претходна постапка. Сепак, имајќи предвид дека судот не може да одлучи за построга мерка, речиси извесно е дека насместо во Шутка, на Груби ќе оди во куќен притвор.
Инаку, на почетокот на од соопштението од Основното јавно обвинителство наведоа:
„Основното јавно обвинителство Скопје по добивањето на известувањето дека второосомничениот во предметот за Државната лотарија каде е осомничен заедно со уште пет лица, доброволно се пријавил на органите на прогонот и изразил подготвеност да соработува со надлежните органи, ќе ја продолжи постапката за истиот со цел донесување на јавнообвинителска одлука“.
Груби, околу 18:30 часот вечерва беше изнесен од зградата на Обвинителството со лисици на рацете и качен во комбе на затворската полиција.

Спроводот беше извршен преку гаражите на околните објекти на Обвинителството.
Тој избегна да одговори на прашањата на новинарите зошто се вратил во земјава по повеќе ое една година бегство и дали се чувствува виновен.
Артан Груби денеска наутро во 6:10 часот, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, се појави на косовско-македонската граница при влез во земјава на граничниот премин „Блаце“, по што беше спроведен од полицијата.
Тој беше однесен во затворот „Скопје“, во населбата Шуто Оризари, а потоа оттаму однесен на распит во Основното јавно обвинителство Скопје.
На социјалните мрежи и во дел од медиумите беше објавено видео од приведувањето на Груби на „Блаце“ на кое се гледа како тој, со јакна со качулка на главата и очила за сонце, со насмевка им ги подава рацете на полициските службеници кои му ставаат лисици. Потоа се гледа, како тој со црн шал си ги покрива дланките.
Груби е вотроосомничен во случајот со проневери во „Државна лотарија“. Тој ја напушти земјава пред Обвинителството официјално да отвори истрага, а успеа да излезе од земјава и да влезе во Косово и покрај тоа што беше на т.н. „стоп-листа“. Груби тврдеше дека не избегал, туку дека бил во приватна посета на Косово, наведувајќи дека штом ги заврши обврските ќе се врати дома.
Првоосомничен во случајот е поранешниот директор на „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами, кој сè е недостапен за органите на прогонот.
