Поради текот на истрагата, Обвинителството до Судот поднесе предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот, меѓу кои забрана за напуштање на живеалиштето, одземање на патната исправа и возачката дозвола и привремена забрана за извршување работни активности кои се поврзани со кривичното дело
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе истрага против 42-годишникот кој вчера во центарот на Скопје со багер удри во 66-годишна жена која на самото место им подлегна на повредите.
За него, како што соопштија од Обвинителството, постои основано сомнение дека сторил тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот кое е казниво согласно Кривичниот законик.

Од Обвинителството велат дека осомничениот управувал со багерот „лиебхерр“ притоа не придржувајќи се до сообраќајните правила и на обележан пешачки премин со машината удрил во жената пешак која од ударот се здобила со тешки телесни повреди и починала на самото место.
Поради текот на истрагата, Обвинителството до Судот поднесе предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот, меѓу кои забрана за напуштање на живеалиштето, одземање на патната исправа и возачката дозвола и привремена забрана за извршување работни активности кои се поврзани со кривичното дело.
Сообраќајната несреќа во која 66-годишната скопјанка беше смртно повредена од багер се случи вчера наутро на улицата „Јордан Мијалков“ во центарот на Скопје. Од нанесените повреди, жената почина на самото место.