Оттаму соопштија дека на терен се инспектори и оти се обезбедени снимки од видеонадзор кој е предмет на анализа
Основното јавно обвинителство Скопје отвори предистрага поради сомненија за загадување на животната средина со отпадни материи по пожарот во Визбегово кој се случи пред три дена. Оттаму велат дека во постапката се вклучени стручни лица од повеќе области и оти се обезбедени снимки кои се предмет на анализа.

„Увид извршија и инспекциски служби за животна средина, а во постапката се ангажираат и вешти лица од областа на екологијата. По барање на јавниот обвинител, веднаш по настанот беше активиран и тим од четата за атомско-биолошка и хемиска одбрана на АРМ кој собра примероци и изврши мерења на токсичните материи во воздухот во Скопје, а резултатите треба да бидат доставени до обвинителството“,
велат оттаму.
Дополнително, информираат дека двете лица кои по пожарот нападнаа новинарска екипа на ТВ Алсат и натаму се во притвор и оти е обезбедена документација поврзана со работата на отпадот.
Отпадот за старо железо, како што информираа претходно од МВР, е регистриран на име на фирма „АСД метал груп“, а при гаснење на пожарот беше повредено едно лице, кое веднаш било пренесено на укажување лекарска помош.