Истрагата се спроведува за наводите на невладината МАНС дека претседателот го користел владиниот авион за приватнии потреби
Специјалното државно обвинителство на Црна Гора отвори предмет и во тек е истрага дали претседателот Мило Ѓукановиќ го користел службениот владин авион за приватни потреби, објави ТВ Вијести.
Обвинителството ги истражува информациите што ги објави истражувачкиот центар МАНС според кои Ѓукановиќ на 29. декември минатата година со владиниот авион патувал од Подгорица до Париз, а на 10. јануари од Париз до Подгорица.
Се претпоставува дека Париз бил негова попатна станица на неговото патување во Мајами.
Претходно, МАНС го пријави Ѓукановиќ во Агенцијата за спречување корупција и во Специјалното државно обвнителство поради сомневање дека ко користл службениот авион на владата за приватни потреби.
Оваа невладина организација исто така ја пријавила и генералната секретар на Владата Наташа Пешиќ за злоупотреба на службената положб а, со тоа што му овозможола на Ѓукановиќ да го користи службениот авион за приватни потреби.